Скарлет Јохансон се сврши за актерот и сценарист Џост

20.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Скарлет Јохансон се сврши за актерот и сценарист Џост

Aмериканската актерка Скарлет Јохансон се сврши со својот избраник Колин Џост. За актерката ова е трет брак, Јохансон претходно беше мажена за францускиот новинар Ромен Дорја, со кого има двегодишна ќерка, а претходно беше во брак и со актерот Рајан Рејнолдс.

Скарлет Јохансон (33) и нејзиниот свршеник првпат биле видени во јавност во мај минатата година, неколку месеци пред Јохансон да се разведе од Дорја.

Американските медиуми пишуваат дека двојката е во врска околу две години, а заедно се појавија и на премиерата на филмот „Avengers: Endgame“, во кој Јохансон ја има една од главните улоги.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата