(Видео) Не се вели залудно дека имаат девет животи! Маче од Украина преживеало 30-минутно перење во машина

28.01.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Не се вели залудно дека имаат девет животи! Маче од Украина преживеало 30-минутно перење во машина

Сопствениците објасниле дека мачорот Брош сака да спие во машината за алишта, но бидејќи е сива боја како внатрешноста на машината, не го забележале за време на вклучувањето.

Ова е објавено на Фејсбук страницата на локалната ветеринарна клиника „Na Rabochaya“. Како што велат вработените во клиниката каде Брош бил донесен, тој бил во машината околу 30 минути пред неговите сопственици да го слушнат неговиот врисок.

„Замислете го шокот и ужасот кога ќе сфатите дека мачката толку долго се перела. Изненадувачки, кога се отворила машината, мачорот истрчал и се обидел да се сокрие. Го фатиле, го исушиле и веднаш го донесоа во ветеринарната амбуланта“, додале тие.

Вработените на клиниката рекле дека за време на прегледот откриле дека животното има ниска температура и отежнато дишење. Очите не му биле доволно отворени поради прашокот, а устата многу му мирисала на детергент.

Ветеринарите му ја дале потребната терапија, резултатите му биле уредни, па брзо дозволиле сопствениците да го однесат дома.

„Ова не е првпат да се соочиме со ваков случај, но Брош имал голема среќа. Не се вели залудно - мачките имаат девет животи“, додаваат од ветеринарната клиника.


© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата