Јакобсен: Мечот со Шпанија ќе биде уште едно „грицкање нокти“

28.01.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Јакобсен: Мечот со Шпанија ќе биде уште едно „грицкање нокти“

Статистиката е на страна на Данска во пресврт на првото денешно полуфинале на ЕП против Шпанија. Данците имаат 4 последователни победи над Шпанија во нивните меѓусебни пресметки и се надеваат дека серијата ќе продолжи и денеска во Будимпешта.

Сепак, селекторот на Данска, Николај Јакобсен, вели дека натпреварите не можат да се споредуваат еден со еден. Тој верува дека во позитивната статистика може да се најде нешто подигнувачко за неговиот тим, иако е убеден дека денешниот дуел со Шпанците ќе биде ново „грицкање нокти“.

„Дел од таа статистика е веројатно бескорисна но дава верба дека можеме да ја победиме Шпанија во решавачките натпревари. Најдовме добар начин да играме, а играчите се сигурни во тоа што го правиме. Шпанија е тим со многу рутина. Играат со поголема брзина особено во напаѓачкиот дел. Дефинитивно ќе биде уште една возбудлива пресметка и дефинитивно ќе има грицкање нокти“, вели Јакобсен.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата