Intel патентираше различни дизајни за футуристички смартфон

20.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Intel патентираше различни дизајни за футуристички смартфон

Според патент документацијата, која е откриена во World Intellectual Property Office (WIPO) фајловите, Intel моментно го разгледува влезот на пазарот на паметни телефони. Гласините кои се однесуваат на оваа тема се појавуваа и претходно, но сугерираа флексибилен уред. Најновите патент дизајни вклучуваат повеќе конценционални модели на телефони.

Во секој случај, најновите патенти на Intel се поинакви од просечниот телефон на денешницата. Компанијата разгледува два основни прототипа на својот смартфон: еден со типичен преден панел на кој доминира дисплејот и друг, во кој екранот делумно се проширува на задната страна на уредот. Во двата случаја, панелот е закривен кон рабовите на телефонот и создава edge-to-edge ефект.

Некои од фотографиите од патентот укажуваат на тоа дека Intel планира користење на punch-hole отвори за камерите. Камерите исто така би имале технологија од “360 степени”, која би овозможила креирање на содржини од наредната генерација, како што се самостојните опкружувања за виртуелна и проширена реалност.

Патентот е поднесен на 14. мај и сигурно е дека ќе помине извесно време додека идеите од документацијата не се спроведат во дело, доколку Intel воопшто се одлучи да ги комерцијализира во некој од своите идни уреди.

 

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата