Успеа ли „Гугл“ да ја убие најголемата амбиција на „Хуавеј“?

20.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Успеа ли „Гугл“ да ја убие најголемата амбиција на „Хуавеј“?

Откако администрацијата на Трамп ја стави „Хуавеј“ на својата црна листа, „Гугл“ го ограничи пристапот на компанијата до оперативниот систем Андроид.

Таквиот потег може да претставува голем удар за „Хуавеј“, кој имаше цел да стане водечки производител на паметни телефони до 2020 година, пишува Си-ен-ен.

„Ги почитуваме одредбите и ги преиспитуваме можните последици“, рече портпаролот на „Гугл“ во понеделникот.

Минатата недела Трамп потпиша одредба која на американските компании им забранува продажба на компоненти за „Хуавеј“ без посебна дозвола од владата на САД, бидејќи производителот спаѓа на листата на компании кои би можеле да ја загрозат националната безбедност.

Компанијата „Хуавеј“, втора по продажба на паметни телефони, се потпира на пакетот на услуги од „Гугл“, вклучувајќи го и неговиот оперативен систем Андроид и апликацијата Google Play store.

„Гугл“, според извештаите, има намера за кинсексата компанија да го укине пристапот до поголемиот дел од овие системи.

Од сега па натаму, „Хуавеј“ ќе може да користи само софтвер со отворен код, односно ограничена и основна верзија на Андроид и нема да може да пристапи до апликации и услуги на „Гугл“. Сепак, како што изјавија од „Гугл“ ова нема да влијае на тековните корисници односно оние кои веќе поседуваат „Хуавеј“ паметни телефони.

„Google Play и неговата безбедносна заштита ќе продолжат да функционираат на постоечките уреди од компанијата Хуавеј“, изјави портпаролот на „Гугл“.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата