Балашевиќ и Бреговиќ пред 40 години се скарале за песна и од тогаш не соработувале

26.01.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Балашевиќ и Бреговиќ пред 40 години се скарале за песна и од тогаш не соработувале

„Маѓарица“ била дел од албумот „Мало појачај радио“, кој го снимил Здравко Чолиќ во 1981 година во Лондон. Автори на песните на албумот биле Душко Трифуновиќ, Ѓорѓе Новковиќ и Марина Туцаковиќ, додека „Маѓарица“  ја напишал Балашевиќ. Бреговиќ требало да ја напише музиката за таа песна, пишува порталот Кликс.

Песната првобитно се викала „Опатица“, но Брега бил убеден дека би било подобро да се вика „Маѓарица“. Балашевиќ не се согласил со предлогот на Бреговиќ, но Чолиќ се одлучил за името што го предложил Бреговиќ.

Тоа наводно резултирало со кавга и Бреговиќ и Балашевиќ никогаш повеќе да не соработуваат.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата