Каков меч: Франција по голем пресврт ја совлада Данска за место во полуфинале

26.01.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Каков меч: Франција по голем пресврт ја совлада Данска за место во полуфинале

Франција по голем пресврт успеа да ја совлада Данска и да обезбеди место во полуфиналето на Европското првенство. До 50. минута изгледаше дека овој меч ќе заврши во корист на светскиот првак, но Французите се разбудија во вистинско време, славеа со 29-30. Во полуфиналето ќе играат против Шведска, додека пак Данска против Шпанија.

На другата страна данските ракометари треба да жалат имаа водство од пет гола во голем дел од мечот, отврен пат, но олимпискиот првак приреди вистинска драма.

Мем и Деска имаа по осум гола, на другата страна Киркелоке запиша десет погодоци.

Николај Јакобсен одлучи на овој дуел да ги одмори најдобрите Микел Хансен и Матијас Гидсел, но тоа не промени ништо во играта, барем во првото полувреме.

На голот на светскиот првак беше одличен Мелер во овој дел запиша осум интервенции. Данска поведе со 3-0, па 6-3. Најголемата позитива изнесуваше пет гола 14-9, 15-10 и 17-12 на одморот, во форма беше Киркелоке. Франција во овие минути изгледаше мала и немоќна.

Предноста од пет гола Данска ја имаше во 36. минута (21-16), француските ракометари на намалија на 21-18, Ландин беше во форма, неговата репрезентација поведе со 23-18 и 26-21 на средина на вториот дел.

Притискаше Франција, Данска влезе во реализаторска криза, Жерар фати неколку клучни одбрани, во 54. минута беше 27-26. Налетот го прекина Киркелоке за 28-26, мечот влезе во неизвесна завршница, која ја очекувавме на почетокот, ја добивме на крајот.

Карабатиќ и Деска израмнија на 28-28 на три минути до кајот. Драмата почна тука, Дика Мем погоди за прво водство (29-30) на минута и 10 секунди до крајот.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата