Горан Трајковски оди кај Трифун како нов генерален директор на Еуростандард банка

20.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Горан Трајковски оди кај Трифун како нов генерален директор на Еуростандард банка

Директорот на Дирекцијата за зашитита на личните податоци Горан Трајковски преминува во банкарскиот сектор, потврдува во телефоноски разговор за 1ТВ. Вели, ги исполнува условите да стане нов генерален директор на Еуростандард банка. Но, конечната одлука за неговата идна позиција треба да ја имаат акционерите на банката и гувернерот. Трајковски во оставката испратена до собранитето пишува дека се повлекува поради лични причини.

Тој во оставката се заблагодарува на довербата да биде избран за директор, во како што вели, период кога Македонија се соочувала со тешки повреди на приватноста, намалена доверба на граѓаните во институциите, што било констатирано и од експертите предводени од Рајнхард Прибе.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата