(Видео) Киjану Ривс призна дека бил заљубен во Сандра Булок

20.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Киjану Ривс призна дека бил заљубен во Сандра Булок

Актерот Киjану Ривс (54) во 1994 година со Сандра Булок (54) го сними филмот „Брзина”. Тој гостуваше во шоуто на Елен Деџенерес (61) и призна дека тогаш се заљубил во Сандра, но не сакал да стори ништо во врска со тоа, бидејќи сакал да остане професионален.

Потоа водителката на актерот му пушти клип во кој Сандра призна дека Кијану ѝ се допаѓал.

„Покрај него ми беше тешко да останам сериозна, особено кога ќе ме погледнеше. Сепак, нешто не му се допаднало на мене, така што никогаш не отидовме на состанок”, рече Булок, мислејќи дека љубовта не е обострана.

Елен го праша Кијану дали знаел дека ѝ се допаѓа на Сандра.

„Немав поим, како што ни таа не знаеше дека ми се допаѓа”, рече тој со насмевка.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата