Медведев губеше 0:2 но направи пресврт и се пласира во полуфинале

26.01.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Медведев губеше 0:2 но направи пресврт и се пласира во полуфинале

Најдобриот руски тенисер Данил Медведев успеа да се пласира во полуфиналето на Австралија опен откако денеска во маратонски меч од 4 часа и 38 минути и пет сетови го елиминира Оже-Алиасим од Канада.

Во полуфиналето Медведев ќе игра со Циципас, а во другото полуфинале ќе се соочат Надал и Беретини.

Интересно, Фелкс Оже-Алиасим водеше со 2:0 во сетови, но првиот фаворит на АО преживеа и со голем пресврт стигна до победа. Медведев беше пред пораз, во третиот сет противникот водеше со 5:4 но потоа Русинот магично се врати. Успеа да го спаси сетот во тај-брејкот и да намали на 2:1. Во следните два сета Русинот се стабилизира, а Алиасим почна да паѓа и физички и психолошки.

На крајот Русинот ги доби четвртиот и петтиот сет 7:5 и 6:4 и со тоа и мечот со вкупни 3:2.

 

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата