Од денеска во Грција двојно намален ДДВ на храната и струјата!

20.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Од денеска во Грција двојно намален ДДВ на храната и струјата!

Од денеска и официјално во Грција стапува на сила намалениот ДДВ, со што се очекува значително намалување на цените на над 50 прехранбени категории во маркетите во Грција, меѓу кои доминираат оние за широка потрошувачка. Данокот на основните прехранбени производи се намалува од 24 на 13 %, а кај енергетските услуги од 13 на 6 %.

Со ова се очекува големо намалување на цените на морските производи и рибата, свежиот и замрзнат леб и печива, сол, оцет, супа, пире во прав, колачи, десерти и други кондиторски производи, житарки, подготвена храна, крекери, чипс, кафе, млечни кремови, зеленчук, маргарин, зачини, сушено овошје, мармалади, маслинки, корнишони, готови салати, семиња, житни култури, сладолед, мајонез, кечап, преливи, сосови, шеќер, доматно пире и слично.

Намалената стапка на ДДВ од 13% се применува и за испорака на слатки, оброци и јадења за ресторани, слаткарници, таверни, угистителски објекти за брза храна, пицерии, кафулиња и слично, а ќе се однесува на компании за подготовка и дистрибуција на храна, супермаркети кои испорачуваат подготвени јадења, пекарници, сендвичарници и фирми кои подготвуваат салати и други закуски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата