ДРАМА: Поранешната Спајсица итно хоспитализирана!

20.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ДРАМА: Поранешната Спајсица итно хоспитализирана!

Мел Б (43) е итно хоспитализирана откако им се пожалила на домашните дека не гледа на десното око, и тоа само неколку недели пред стартот на закажаната голема повратничка турнеја на Спајс грлс. На пејачката и се слошило во домот во Лондон, а медиумите наведуваат и дека загубила свест. Мел била итно подложена на испитувања, а дијагноза се уште нема. Една од претпоставките е дека и покачен шеќерот во крвта.

Инаку, Мел Б пред дваесетина години направила ласерска операција за отстранување на диопријата на левото око, а откако зафатот се искомплицирал трајно го загубила видот на ова око. 

Големата турнеја на „зачинетите девојки“ е закажана да стартува кон крајот на овој месец и на сцената треба да бидат сите девојки освен Викторија Бекам.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата