Прв детски натпревар по ментална аритметика во Скопје

20.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Прв детски натпревар по ментална аритметика во Скопје

Во скопското средно училиште „Никола Карев“, на 2 јуни двесте деца на возраст од 4 до 14 години ќе се натпреваруваат во ментална аритметика и ќе покажат кои се придобивките од оваа програма.
Научно е докажано дека мозокот на детето се развива од 4-та до 14-тата година од животот. Во тој период мозочните хемисфери се најактивни, а децата полесно ги впиваат информациите и затоа е неопходно токму тогаш да се посветат на едукација.

Хитари програмата за ментална аритметика е јапонска метода која преставува колевка на оваа древна престижна дисциплина. Настанала како резултат на долгогодишна работа на психолози, педагози и други експерти од областа на образованието, а во Скопје во моментов постојат четири училишта за ментална аритметика, информираат организаторите.

Натпреварот на 2 јуни ќе се одржи во период од 10:00 до 15:00 часот, а влезот за сите кои сакаат да навиваат и да видат што овие мали генијалци научиле е бесплатен. Најдобро пласираните ученици, потоа ќе заминат и на интернационално натпреварување во Белград, каде што ќе учествуваат повеќе европски држави.

Техниката на ментална аритметика се заоснова на употреба на древната направа абакус, со чија визуелизација се постигнува извонредно брзо сметање. Франшизата „Малац Генијалац“ од септември своите врати ќе ги отвори и во останатите градови во Македонија, со цел што поголема едукација на децата, како и подобрување на фокусот, концентрацијата и памтењето кај децата.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата