Тамара: Имавме скромен буџет за на Евровизија!

20.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тамара: Имавме скромен буџет за на Евровизија!

Тамара Тодевска синоќа околу полноќ се врати на домашен терен, а по пристигнувањето на скопскиот аеродром каде беше пречекана со овации се упати во 1 ТВ за да гостува во отвореното струдио. Тамара зборуваше за впечатоците, пласманот, поддршката, но откри и дека буџетот со кој го реализирале целиот проект бил скромен. 

„Луѓе, ние имавме се на се 100 илјади евра, од кои 34 000 дадовме за учество. Ни останаа околу 60 и нешто и со тие пари требаше да обезбедиме се. Ни беше многу тешко“, откри Тамара, која заврши на осмата позиција и со тоа го обезбеди досега најдобриот пласман во историјата на Евровизија. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата