Борел: ЕУ засега не планира повлекување на семјествата на дипломатите Украина

24.01.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Борел: ЕУ засега не планира повлекување на семјествата на дипломатите Украина

Европската унија засега не планира да ги повлече семејствата на своите дипломати од Украина, изјави во понеделникот високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел, откако таков чекор најавија САД тврдејќи дека наводно дека воен напад од Русија би можел да се случи во секој момент.

Американскиот Стејт департмент прехотно ноќта кон понеделникот објави дека им наредил на семејствата на дипломатите да ја напуштат Украина поради наводната опасност од руска инвазија врз Украина.

„Ние нема да го сториме тоа, бидејќи не знаме за никакви посебни причини. Но американскиот државен секретар Ентони Блинкен ќе нѐ информира за тоа“, рече Борел пред сосанокот со шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ.

„Преговорите се во тек“, изјави Борел додавајќи дека не гледа причина дипломатите да ја напуштат Украина „освен доколку Блинкен не пружи информација коишто го оправдуваат овој потег“.

Тензиите околу Украина ескалираа последните месеци. Западот предводен од САД ја обвинува Русија дека распоредила повеќе од 100.000 војници во близина на украинската граница, тврдејќи дека наводно подготвува инвазија врз Украина.

Русија, пак, ги отфрла тврдењата дека планира инвазија, и порача дека работи на својата национална безбедност и дека одговара на зголемените воени активности на Западот на нејзините граници како и во Украина, обвинувајќи го Киев дека се подготвува за воено а не дипломатско решавање на конфликтот со одметнатите доминатно руски и рускојазични југоисточни региони.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата