Потенцијалните брзини на пренос на податоци преку Wi-Fi би можеле да бидат значително повисоки во споредба со постарите верзии.

Следната генерација на Wi-Fi пренос на податоци е нешто што многумина со нетрпение го очекуваат, а тоа е Wi-Fi 7.

Врз основа на неодамнешната демонстрација на MediaTek, беше прикажан потенцијалот на поновата верзија, која има способност да достигне брзина до 40 Gbps.

За споредба, сегашниот Wi-Fi 6 е способен за брзини до 9,6 Gbps, што секако е многу брзо, но потенцијалните Wi-Fi 7 брзини ќе постават нови стандарди.

Ако Wi-Fi 7 ги достигне гореспоменатите брзини, може да дозволи повеќе безжични периферни уреди да функционираат како нивните поврзани верзии, без забележителен застој и задоцнување.

Според наводите, компанијата MediaTek очекува дека производството на Wi-Fi 7 ќе започне во текот на 2023 година, но останува да се види колку тоа ќе биде распространето.