Училиштата во повеќе делови на Грција се затворени поради невремето „Елпида”

24.01.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Училиштата во повеќе делови на Грција се затворени поради невремето „Елпида”

 Учениците ќе следат онлајн настава, поради невремето „Елпида” што според метеоролозите ќе донесе обилни врнежи од снег, пренесува  МИА од Атина.

Во однос на движењето на граѓаните, властите апелираат  граѓаните да бидат внимателни и да избегнуваат непотребни движења,  во повеќе делови на земјата ќе биде потребна зимска опрема за возилата .

Невремето „Елипида” што веќе зафати делови од Грција, вчера донесе снег на дел од Кикладските острови, што не е честа појава.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата