Во Мексико убиена новинарка која била во државната програма за заштита на новинари

24.01.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Мексико убиена новинарка која била во државната програма за заштита на новинари

Малдонадо имала повеќедецениско искуство и била убиена во нејзиниот автомобил во предградието на Санта Фе, соопшти државното Обвинителство.

Убиството се случи помалку од седум дена откако почина фотографот Маргарито Мартинез, кој беше застрелан во главата пред неговиот дом во Тихуана.

Извор запознаен со случајот изјави дека Малдонадо била регистрирана во државната програма за заштита на новинарите, која вклучувала полициски надзор на нејзината куќа.

Малдонадо е трет убиен новинар во Мексико од почетокот на годината.

Во периодот од 2000 до 2021 година, групата за човекови права „Член 19″ регистрирала 145 убиства на новинари во Мексико, а седум се случиле минатата година.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата