САД им наредија на семејствата на вработените во амбадасата да ја напуштат Украина

24.01.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
САД им наредија на семејствата на вработените во амбадасата да ја напуштат Украина

САД ноќта кон неделата по средноевропско време објавија дека наложител враќање во татковината на членовите на семејствата на вработените во амбасадата во Украина, препорачувајќи им на сите американските државјани да ја разгледат можноста заминување поради наводната закана од руска воена акција.

Претходно во саботата телевизијата CNN објави дека амбасадата на САД во Киев побарала од Стејт департментот да дозволи целиот суштински непотребен персонал и нивните семејства да заминат, а Вашингтон најверојатно ќе ја започне евакуацијата следната седмица. Истовремено агенцијата Bloomberg објави дека Соединетите држави размислуваат за евакуирање на членовите на семејствата на американските дипломати во Украина поради ескалација на ситауцијата во регионот.

Според CNN, кој се повикува на извор близок на украинската влада, украинскиот претседател Владимир Зеленски за ова прашање разговарал со американскиот државен секретар Ентони Блинкен и притоа забележал дека евакуациајта би била „претерана реакција“.

Американското министерство за надворешни работи ноќта објави дека одобрило „доброволно заминување на американските државни службеници и нареди заминување на членовите на нивните семејства од амбасадата до Киев поради континуираната закана од руска воена акција“.

На американските државјани во Украина им се препорачува да размислат за множноста да заминат од земјата.

„Американските државјани во Украина би требало да ја разгледааат можноста за заминување без одложување, користејќи ја можноста за комерцијални или други приватно достапни опции за транспорт“, објави Стејт депарментот во информациите за патувањата.

Американската амбасада во Киев објави дека за овој потег се консултирала со украинската влада и дека ги координира чекорите со сојузниците и партнерските амбасади во Киев кои го утврдуваат својот став.

„Русија во секој момент би можела да извед воена акција и владата на САД нема да биде во позиција да ги евакуира американските државјани во таква криза, па (…) мора да се подготват“, стои во објавата на амбасадата.

Амбасадата во Киев и натаму работи, а вршителката на должноста Кристина Квиен останува во Украина, соопштија од Стејт департментот.

На американските граѓани, исто така, министерството им советува да не патуваат во Украина „поради зајакнатата закана од руска воена акција и Covid-19“ „Бидете со засилена претпазливост во Украина поради криминал и немири. Ризикот во одредени области е зголемен“, стои во известувањето.

Запрашани зошто одлуката за повлекување на членовите на семјествата на вработените во амбасадата е донесена токму сега, министерството се повикало на минатонеделното предупредување од Белата куќа за можна руска инвазија врз Украина, пренесува германската новинска агенција DPA, и потсетува дека Москва во повеќенаврати ја отфрлаше таквата можност.

Висок функционер на Стејт департментот зборувал во текот на телеконференција со новинарите за „превентивни мерки“, наведува DPA.

Во неделата вечерта весникот The News York Times извести дека претседателот Џо Бајден ја разгледува можноста за испраќање неколку илјади американски војници во сојузниците во НАТО и источна Европа и на Балтикот.

Од Пенгагон не сакале да го коментираат извештајот на NYT, но истакнале дека нивниот портпаролт Џон Кирби во петокот изјавил дека ќе се „похрижиме да подготвиме опции за да ги примириме нашите сојузници, особено на источното крило на НАТО“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата