УНИЦЕФ: Речиси 850 деца во ризик во североисточна Сирија

24.01.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
УНИЦЕФ: Речиси 850 деца во ризик во североисточна Сирија

Интензивирање на насилството во ал-Хасаке, стави 850 притворени деца во сериозен ризик, изјави во текот на вчерашниот ден, претставникот на организацијата во Сирија, Виктор Нилунд. Наводно, некои од децата имаат само 12 години.

Според извештаите, над 100 лица се убиени, а илјадници раселени во тековното насилство околу затворот Геверан.

Нилунд повика за ослободување на децата од затвор. Според него, околу 10.000 деца и нивните мајки се наоѓаат во притворни центри или логори. Тие доаѓаат од над 60 земји и се борат да ги преживеат лошите услови и тешката зима. Тој додаде дека децата се „критично ранливи и неопходна им е заштита”.

Ал-Хасаке се наоѓа на северо-источниот дел на земјата разурната од војна, која е под контрола на сириските Курди. Курдиски медиуми соопштија дека околу 5.000 поддржувачи на терористичката „Исламска држава” неодамна беа затворени во тамошниот затвор. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата