Украина ја доби втората пратка американско оружје

24.01.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Украина ја доби втората пратка американско оружје

Вашингтон соопшти дека ќе продолжи да ја поддржува Украина поради загриженоста во Киев и меѓу нејзините западни сојузници поради десетици илјади руски војници стационирани долж границата со Украина. Русија негира дека планира воена офанзива.

Во саботата во Киев пристигнаа околу 90 тони „смртоносна безбедносна помош“, вклучително и муниција, од пакетот одобрен од САД во декември.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во петокот на твитер изрази благодарност на американскиот претседател Џо Бајден за „досега невидена“ дипломатска и воена помош.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата