Прашања кои сите ги презираат, а луѓето често ги поставуваат при првата средба

24.01.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Прашања кои сите ги презираат, а луѓето често ги поставуваат при првата средба

Повеќето луѓе уживаат во содржајна средба на која темите едноставно се наметнуваат, хуморот е на високо ниво, а смеата доаѓа често и спонтано.

Покрај тоа, луѓето се обидуваат да дознаат што е можно повеќе за потенцијалниот партнер.

Сепак, често се прават грешки. Некои прашања, иако изгледаат сосема исправни и, искрено, се сосема „на место“, од друга страна може да изгледаат навредливи или несоодветни.

Затоа не би било лошо да направите подготовка пред средбата и да имате на ум неколку прашања, според кои би го дознале она што ве интересира.

Но, никако не поставувајте ги следните прашања:

Дали попрво би ја поминал/ла вечерта со мене или со пријателите?

Никој не го сака ова прашање. Веројатно не сакате вашиот партнер да ве условува и да ве принудува да избирате помеѓу него/неа и другите луѓе.

Од друга страна, со ова прашање би можеле да делувате очајно во потрагата по партнер, како некој кој нема многу избор, па обидува да го задржи партнерот што е можно поблиску до себе.

Како би реагирал/а ако те изневерам?

Ова е речиси како да зборувате за развод при склучување на брак. Зошто на почетокот на врската би зборувале за нешто што никој не го сака во врската.

Подобро, обидете се да покажете дека не сте личност која е склона кон изневерување и играње двојни игри.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата