Гостивар со апел до моќните клубови, да не се служат со лаги!

23.01.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Гостивар со апел до моќните клубови, да не се служат со лаги!

Гостивар излезе со известување до јавноста поточно до моќните клубови. Од таборот на прволигашот се чувствуваат загрозени кога станува збор за ростерот, дел од екипите се обидуваат да им украдат кошаркари.

“КК Гостивар има потреба да објави свој став за се поголемото влијание на побогатите клубови, како и за неетичко и неспортско однесување надвор од спорстките терени. Имено, нашиот клуб се соочи со сериозен проблем каде што еден од најдобрите играчи во КК Гостивар и носител на играта на само еден ден од почетокот на тренинг подготовките за натпреварувачката сезона побара да си оди од клубот. Штетата и немаше да биде огромна, ако имаше можност за исправка, односно дополнение на испразнетото место, доколку воопшто и можеше да се најде било какво решение на таа позиција.
Знаејќи го фактот дека нема да можеме да најдеме замена, се реорганизиравме и успешно се справуваме половина шампионат со предизвикот во македонското првенство, со само еден единствен плајмејкер во целиот тим, нешто незамисливо во модерната кошарка. За тоа да не биде доволно , единствениот гореспомнат играч деновиве е мета на неколкумина агенти, пробувајќи да му влијаат на одлуката да ја промени средината, односно клубот, служејќи се со лаги , невистини и шпекулации за моменталната финансиска ситуација на клубот или пак за неговата големина и сериозноста во намерите.
КК Гостивар сака да изјави дека е меѓу ретките кошаркарски клубови во Македонија кој во моментов не води никаков спор или пак долгува финансиски средства на некој играч или тренер. КК Гостивар е меѓу ретките кои во екот на ковид годината ги исплати сите играчи и стручниот штаб. КК Гостивар и покрај сите опструкции е единствениот клуб кој исплати декемвриска плата за 2021 уште во декември. Сакаме да напоменеме дека буџетот испланиран за плати и трошоци за натпреварувачката 2021/22 е безусловно и целосно обезбеден уште на стартот од сезоната. За се ова да биде овозможено се грижат мал број на приватни спонзори кои заедно со управниот одбор на клубот, луѓе од градот кои сакаат да помогнат, веруваат и се залагаат за фер игра и однесување, а секако го очекуваат истото и од сите останати актери во Македонската кошарка.
Затоа замолуваме и апелираме до сите клубови кои силата ја имаат од огромните финансии во општинските средства, истите да ги насочат во што подобро претставување на меѓународна сцена и со тоа да покажат колку се големи и моќни. Ние ќе бидеме тука да ги подржиме и помогнеме бидејќи нивниот успех е успех на сите нас кои сме активни во кошарката во Македонија.
Веруваме дека ваквите инциденти ќе бидат се помалку и изолирани, и дека сите заедно ќе можеме да се натпреваруваме спортски , етички и само на терен , а не и надвор од него”, се вели во соопштението на Гостивар.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата