Битолчани не знаат за доста, 13-та победа во низа

23.01.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Битолчани не знаат за доста, 13-та победа во низа

Кошаркарите на Пелистер не престануваат со победите во домашното првенство. Битолските „зелени“ незапирливо газат и по 13 кола се уште се без пораз. Вечерва на домашен терен славеа над ФМП Академија Навико со 94:73.

Разликата во квалитетот беше евидентна уште во првата четвртина кога Пелистер направи предност од 18 поени и најави дека гостите од Скопје нема што да бараат на оваа пресметка. Во вториот и третиот период ФМП Академија ја поправи играта, но бадијала, кога разликата остана.

Во последниот период домашните успеаја да ја кренат позитивата и да дојдат до уште поубедлив успех. Во домашниот состав одлучна вечер имаше Кесар кој го наполни гостинскиот кош со 24 погодоци. Втор стрелец беше Малешевиќ со 20. Кај гостите од Скопје Крстајиќ постигна 17 поени.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата