Делови од повеќе скопски општини ќе останат без струја

20.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Делови од повеќе скопски општини ќе останат без струја

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, во текот на денешниот ден без електрична енергија ќе останат делови од повеќе скопски општини.

Како што соопштуваат од РЦУК-Скопје по известување од „ЕВН Македонија“ АД, без струја од 6:30 до 11:00 часот ќе бидат корисниците од с. Варвара и дел од с. Батинци во Општина Студеничани, од 7:00 до 13:00 часот корисниците од објектите кои се наоѓат во близина на ЈЗУ Универзитетска Клиника по хирушки болести, „Св. Наум Охридски“ на ул. 11-ти Октомври во Општина Центар и од 9:00 до 12:00 часот, објектите во кругот на спортскиот аеродром, „Стенковец“. во Општина Чучер Сандево.

Без напојување со електрична енергија во периодот од 9:00 до 12:00 часот ќе бидат и корисниците од дел од село Горно Оризари во Општина Ѓорче Петров, во Општина Карпош, пак, без струја од 9:00 до 14:30 часот ќе бидат корисниците од дел од ул. Пресека и дел од ул. Сливовска, од 9:30 до 11:00 часот корисниците од дел од ул. Бранислав Нушиќ, од 9:30 до 14:30 часот корисниците од дел од ул. Букурешка и од 11:00 до 15:00 часот корисниците од дел од ул. Париска и ул. Хелсинска.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата