Шведска ја победи Германија и јуриша кон полуфиналето!

23.01.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шведска ја победи Германија и јуриша кон полуфиналето!

 

Во меч од групата -2 на ЕУРО 2022, по голема битка во Братислава, Шведска успеа да ја победи Германија со 25:21 (12:10) и да ја задржи шансата за пласман во полуфиналето. Тоа ќе се знае во последното коло од главната фаза кога Швеѓаните  играат со Норвешка во веројатно решавачкиот меч.

Германија добро се држеше се до 53-54.минута, и тогаш Шведска ја покажа својата сила, и благодарение на катастрофалниот настап на германските голмани, дојде до триумф.

Мечот започна со по два гола на двете страни, потоа Шведска дојде до 4:2 во 5.минута. И таа предност ја одржуваше до крајот на полувремето. Во 10.минута резултатот беше 6:4 за фаворитот, инаку интересно е тоа што првите пет напади на Швеѓаните резултираа со голови. Следуваше период на грешки од двете страни, посебно ова се однесува на периодот од 17. до 20.минута, а најинтересно е тоа што Шведска во тој дел од полувремето немаше реализација речиси девет минути. Но Германија тоа не успеа да го искористи.

На крајот од првото полувреме резултатот гласеше 12:10 за Шведска, Винчек имаше зицер за намалување, но Паличка со својата четврта одбрана не дозволи гол во мрежата на Шведска.

Вториот период на почетокот не беше така ефикасен. До 35.минута постигнати беа само три гола, а резултатот гласеше 13:12, Кестер и Винчек стрелаа убаво за Германија. Нема што Германците не се даваат така лесно. Во 37.минута Германија имаше напад за израмнување, и Рајхман од седум метри успеа да го израмни резултатот на 13:13. Се води голема битка во Братислава.

Германците на 15:15 имаа три напади за водство, но ништо, додека Шведска за 14 минути во вториот дел успеа да постигне само три голови. И одново со грешки на двете страни, нешто слично како во првиот дел.Во 45.минута Шведска прави мини – серија за водство од 17:15. Рековме веќе, голем битка со малку голови, така е кога играат овие две селекции.

Во финишот на мечот Швеѓаните подобро се снајдоа, имаа водство кое го задржаа до крај и заслужено победија.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата