Заради ветрот авиони се пренасочуваа од скопскиот аеродром

20.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Заради ветрот авиони се пренасочуваа од скопскиот аеродром

Поради силниот ветер кој синоќа дуваше во Скопје, два авиони не слетаа на скопскиот аеродром, туку беа пренасочени. Па така, едниот слета во Охрид, а вториот во Приштина.

Авионот кој летал на релацијата Истанбул – Скопје бил пренасочен на аеродромот во Пришина, а уште едно летало на Визер кое доаѓало од Малта, наместо во Скопје слетало во Охрид.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата