МЗТ Скопје убедливо низ Гевгелија

23.01.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
МЗТ Скопје убедливо низ Гевгелија

Во Гевгелија не се изнагледавме квалитетен натпревар. Домаќинот паузата ја искористи за освежување на тимот, предводен од Перо Блажевски му пружи поголем отпор на актуелниот првак, сепак недоволен за победа. Кошаркарите од Аеродром славеа со 71-86 за триумф број десет оваа сезона и продолжување на трката за лидерското место на табелата кое во сопственост на Пелистер.

Николов со 17 поени и 8 асистенции беше лидер, три поени помалку имаше Милошевиќ, по 12 запишаа Дејвис и Крстевски. Бродвеј постигна 28 поени во првиот меч за Кожув.

МЗТ Скопје за нијанса беше подобар во текот на целиот меч, не отскокнуваше премногу, но играта беше доволна за да се добие овој меч. Домаќинот кратко го имаше водството, на почетокот и на стартот на втората четвртина, останатиот дел мина во знакот на актуелниот првак.

По првата четвртина беше 17-19, на одморот 38-42.  На стартот на третата четвртина МЗТ Скопје поведе со плус осум 41-49, позитива која ја имаше во голем дел од овој период, а пропушти четири напади по ред истата да биде двоцифрена. На првакот тоа му успеа во 29 минута, Дејвис погоди две слободни фрлања за 51-61, по што Николов поентираше за 51-63.

Кожув со поените на Каухерд дојде на 59-63, но првакот одново се „одлепи“ резултатски, поведе со 59-71, а потоа и со 62-82 на три минути до крајот. По ова водство на противникот домаќинот не се врати.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата