Џихадисти од ИСИЛ кренаа бунт во затвор во кој загинаа тројца чувари и 29 затвореници

20.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Џихадисти од ИСИЛ кренаа бунт во затвор во кој загинаа тројца чувари и 29 затвореници

Тројца чувари и 29 затвореници се убиени во затвор под висока безбедност во Таџикистан, откако осудени џихадисти од Исламска држава започнале бунт, објави тамошното Министерство за правда.

Во соопштението се наведува дека бунтот почнал доцна во неделата во затвор во Вакдатa, 10 километри од главниот град Душанбе. Бунтовниците биле вооружени со ножеви и усмртиле тројца чувари и петмина затвореници.

Еден од иницијаторите на бунтот бил Бекруз Гулмурод син Гулмурод Калимов, важен оперативец во таџикистанските специјални сили кој пребегнал на страна на Исламска држава во 2015 година, а според податоците на Министерството бил убиен во Сирија.

Безбедносните сили убиле 24 милитанти и го вратиле редот во затворот со 1.500 затвореници, соопшти министерството.

Исламската држава, која едно време територијално се прошири на голем дел од Сирија и Ирак, а сега ги загуби своите упоришта, ја презеде одговорноста за уште еден бунт во таџикистански затвор кој се случи во ноември минатата година.

 

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата