„АКО БЕШЕ ЃОКОВИЌ ВАКЦИНИРАН се ќе се избегнеше“ – вели премиерот на Викторија

23.01.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„АКО БЕШЕ ЃОКОВИЌ ВАКЦИНИРАН се ќе се избегнеше“ – вели премиерот на Викторија

Даниел Ендрјус, премиерот на државата Викторија повторно проговори за случајот со Новак Ѓоковиќ.

Еден од најгласните противници на доаѓањето на Новак во Австралија, стои на ставот и тврди дека ништо нема да се промени на тој план ниту следната година.

Само неколку часа претходно, Крег Тајли, директор на Австралија опен, изјави дека „Новак сака да игра во Мелбурн“ и дека секако се надева дека ќе дојде таму во 2023 година.

Сепак, Ендрјус, не го менува ставот за условите за влез во земјата.

Тој смета дека Рафаел Надал бил во право кога ја критикувал позицијата на Новак Ѓоковиќ.

“Рафа беше во право. Сè можеше да се избегне ако Новак Ѓоковиќ беше вакциниран, тој човек мислеше дека е поголем од турнирот. Па, не го стори тоа. Затоа турнирот се игра без него. И тоа е голем успех.” рече тој премиерот на Викторија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата