Јас сум бис*ксуалец... Победникот на Евровизија тоа го објавил пред финале – случајно?! (видео)

19.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Јас сум бис*ксуалец... Победникот на Евровизија тоа го објавил пред финале – случајно?! (видео)

Данкан Лоренс победи на Евросонг и на Холандија и донесе трофеј. Од последната победа на Холандија на Евросонг поминале дури 44 години.

Интересно е што пред финале во обложувалниците на 24 годишниот Холанѓанец му давале дури 51 посто шанса за победа, иако поради системот за гласање до самиот крај било неизвесно кој ќе победи, за на крај да слави со 492 поена, повеќе од второпласираниот Италијанец Махмуд.

Младиот музичар до одлуката да ја претставува Холандија на Евровизија не бил особено познат ни во својата земја, но изјавил дека тоа е “Добра работа што не е познат и дека неговото учество ќе докаже дека ништо не е невозможно“.

На конференција за медиуми пред финале, Лоренс објавил дека е бис*ксуалец.

“Јас сум повеќе од интерпретатор, јас сум личност, живо суштество, јас сум би*ексуалец, јас сум музичар, се залагам за некои работи. Горд сум на тоа што добив шанса да покажам кој сум, рекол Инаку Евровизија силно е подржана од страна на ЛГБТ заедницата, со што секако било татктички мудро што Лоренс ја објавил својата сексуална орјентација пред финале.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата