Во Словенија над две третини од тестираните се позитивни на ковид-19

21.01.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Словенија над две третини од тестираните се позитивни на ковид-19

Иако ова не е највисока бројка на потврдени инфекции во еден ден, бидејќи во вторникот имало 12.286 нови зарази, фактот дека неделниот пораст на инфекциите е сепак огромен сведочи за продолжување на тешката епидемиолошка состојба..

Од  14.714 PCR тестови, потврдени се 9.858 инфекции или 67 проценти, а седумдневниот просек на дневни инфекции е зголемен на 8.529, а инциденцата од 14 дена на 4.576 случаи на 100.000 население, според податоците на NIJJ.

Поради ограничениот капацитет за тестирање со брисеви, Министерството за здравство се согласило да испрати некои примероци за PCR тестирање во лабораторија во јужна Германија, а преговара и со институција во Виена доколку не се зголеми капацитетот на овластени лаборатории во Словенија.

Според Министерството за здравство, во болниците во Словенија во моментов има 599 пациенти со Ковид, од кои 143 се на одделенија за интензивна нега, а бројот на активни случаи на заразени надминал 96.000.

Со последните смртни случаи, бројот на смртни случаи од избувнувањето се искачи на 5.743, додека вкупната покриеност со вакцинација на населението не е значително зголемена и изнесува  57,2 отсто од оние кои примиле најмалку две дози од вакцината.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата