Лажен активист на Црвен крст ОДИ ОД ВРАТА НА ВРАТА И СОБИРА ПАРИ

21.01.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лажен активист на Црвен крст ОДИ ОД ВРАТА НА ВРАТА И СОБИРА ПАРИ

Лажен волонтер на Црвен крст ги мами жителите на Општина Аеродром и им собира пари, предупредија денеска од Општината. Во соопштението се предупредуваат граѓаните да бидат многу внимателни, оти лицето ниту е волонтер на Црвен крст ниту собира пари за хуманитарни цели. Од Општината велат дека тие не можат да го пријават случајот во полиција, туку тоа треба да биде пријава од лица кои се измамени и затоа апелираат граѓаните да пријавуваат.

Според информациите кои стигнале до Општината од измамени граѓени, станува збор за момче на возраст од 23 до 25 години, високо над два метра, облечено со црна зимска јакна и црни фармерки, со капа на главата и маска на лицето.

„Според сведоштва на жителите, момчето ѕвони и тропа од врата на врата и бара пари од граѓаните, наводно за потребите на Црвен крст. Непознатиот измамник на луѓето на кои му отвориле врата им велел дека парите што ги собира ќе бидат искористени за помош на деца од нашата општина“, се вели во соопштението од Општина Аеродром.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата