Зад победничката песна на Евровизија се крие вистинска љубовна несреќа!

19.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Зад победничката песна на Евровизија се крие вистинска љубовна несреќа!

Победникот на Евровизија 2019 година, Холанѓанецот Данкан Лоренс ги воодушеви сите со својата песна и настап на шоуто во Тел Авив, Израел.

Песната разбуди милион емоции кај фановите и според многумина победата била заслужна.

Сепак, 25-годишниот пејач за британскиот весник „Сан“ открива мотивот за оваа песна доаѓа од големата трагедија која ја има преживеано.

Ме инспирираше прераното заминување на личноста која ја сакав, вели Данкан, кој не сакаше да изнесе повеќе детали околу љубовната несреќа, освен да спомене дека станува збор за рана возраст на загуба. „Аркада“ е приказна за трагична љубов на мојот живот. Таа претставува надеж за достигнување на нешто што понекогаш и не е возможно, додава Лоренс.

За потсетување тој го освој првото место со 27 бодови повеќе од второпласираната Италија, додека од бодовите од стручното жири прва на табелата беше Македонија и Тамара Тодевска.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата