Грчката опозиција: Ципрас да замине ако Сириза биде втора на изборите за ЕП

19.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Грчката опозиција: Ципрас да замине ако Сириза биде втора на изборите за ЕП

Разликата во гласовите помеѓу владејачката партија Сириза и главната опозициска партија Нова демократија ќе биде голема на изборите за Европскиот Парламент кои се одржуваат следната недела, изјави портпаролот на пратеничката група на Нова демократија, Никос Дендијас.

„Во случај на било каков исход во кој владејачката партија би била второпласирана, тоа ќе значи дека Сириза загубила и премиерот Алексис Ципрас би требало да поднесе оставка“, изјави Дендијас за грчката агенција „АНА“.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата