Кауција од 30 милиони евра за поранешниот украински претседател Порошенко

17.01.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кауција од 30 милиони евра за поранешниот украински претседател Порошенко

Украинското државно обвинителство побара во понеделникот на поранешниот претседател и милијардер Петро Порошенко, осомничен за велепредавство, или да му биде одредена кауција од 30 милиони евра, што би можело да предизвика длабока политичка криза среде геополитичките тензии околу Украина.

Порошенко, кој дојде на претседателската должност по превратот кој го поддржа Западот во 2014 година а беше поразен во обидот да го добие вториот мандат во соочувањето со актуелниот претседател Владимир Зеленски, во понедленикот се врати во Украина по едномесечен престој во странство, иако му се заканува апсење.

Пред пристигнувањето Порошенко, како што беше јавено најавил истовремено слетување на два аеродрома во земјата, но сепак беше пречекан од илјадници приврзаници и веднаш се упати во судот во Киев кој треба да одлучи за неговото евентуално задржување во притвор.

„Власта е збунета и слаба. Наместо да се бори против (рускиот претседател Владимир) Путин, таа се обидува да се бори против нас“, истакна Порошенко пред приврзаниците.

На сослушувањето претставникот на обвинителството побара кауција во износ од 30 милиони евра и носење елктронска нараквиа, доколку 56-годишниот Порошенко остане на слобода. Во спротивно ќе му биде одреден притвор.

Порошенко го обвинува својот политички противник Зеленски дека наредил негово кривично гонење за да го сврти вниманието од вистинските проблеми во Украина. Власта го сомничи дека во текот на претседателските мандат тргувал со олигарски кои ги поддржувале сепаратистите од доминатно руските региони на истокот од земјата, што се смета за дело „велепредавство“.

Петро Порошенко, чиешто богатство магазинот Forbes го проценува на 1,6 милијарди долари, ја водеше од земјата од 2014 до 2019 година, кога беше поразен од Владимир Зеленски, актер без политичко искуство.

Порошенко е под истрага дека сторил предавство поврзано со финансирање на силите на самопрогласените источни републики преку нелегална продажба на јаглен во периодот 2014/2015 годиина во екот на најжестоките борбо во кои се проценува дека загинале околу 13.000 луѓе на двете страни. За ова кривично дело му се заканува 15 години затвор.

Поранешниот претседател ги одбива обвинувањата, а неговата партија го обвинува Зеленски дека се обидува да ја замолчи политичката опозиција. Администрацијата на претседателот, пак, вели дека обвинителството и судовите се независни и го обвинува Порошенко дека мисли дека е над законите.

На почетокот од јануари судот во Киев нареди замрзнување на имотот на Порошенко кој поседува голем концерн за слатки и удели во две телевизиски мрежи.

На Порешенко му се забележува дека откако дојде на власт успеа да ја стави Украина целосно во соработка со Западот, но дека не успеал да ја искорени ендемската корупција и сиромоаштијата, туку напротив ги продлабочил. Зеленски во кампањата рече дека ќе се пресмета со тоа, но засега и тој нема резултати. Западните дипломати повикаа на политичко единство во Украина пред пристигнувањето на Порошенко.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата