Бујар Османи договара проширување на Резолуцијата за црвените линии надвор од Парламентот?

Не е чесно, ниту мудро, МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК некако да се подразбира или ДА ГО НЕМА

14.01.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Не е чесно, ниту мудро, МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК некако да се подразбира или ДА ГО НЕМА

Досегашниот вицепремиер за евроинтеграции Никола Димитров, по бурната прес конференција од пред два дена, вечерва за Алсат објасни зошто нема доверба во министерот за надворешни работи Бујар Османи и зошто не се согласува со политиката во преговорите со Бугарија која ја застапува тој.

– Во битката за градење заеднички македонски позиции, бев приниден 2 пати да се заканам со оставка, му реков и на премиерот Зоран Заев и на министерот за надворешни Бујар Османи, по што следуваше повлекување од позициите кои ги имаа на таа координација.

Потоа следуваа изјави и состаноци, на кои јасно реков дека ако беше предизвик за албанскиот јазик, ќе го бранев како македонскиот.

И Владо Бучковски имаше несогласување со таа позиција, со тој тип на интерпретации, а колку што знам, тој е Македонец.

-Преку лично сведоштво за искажани ставови, и во рамки на внатрешните ставови, и во рамки на информациите кои ги имам од министри и амбасадори на земји членки на ЕУ, не можам да бидам колегијален да не ја споделам таа информација, за сам да го носам тоа гајле во идинина, порача сеуште актуелниот вицепремиер за евроинтеграции Никола Димитров во интервјуто за Алсат.

Додека сум јас на оваа маса, за тоа не може да се одговара

Бујар Османи дури и изјави дека “Мислам дека Бугарија веќе не оди кон идентитетските прашања„. А приговорот на Бугарија за македонскиот јазик во преговарачката рамка, денес денес за жал, уште не е симнат, има јасен сигнал од таа страна се свесни, дека без таа работа нема одење натаму, посочи Димитров.

Идентитетските прашања во преговарачката рамка – свесни се дека без таа работа нема одење натаму

Запрашан дали етничко културните прашања, како јазикот, од преговорите, се причина за нетрпение кон Бујар Османи, Димитров изјави:

-Не ми е целта да му наштетам на Османи, целта ми е да ја предупредам македнската јавност дека гајлето ќе мора да се бере, изјави Димитров.

Тој повтори дека владин став е дали евентуалното решение ќе оди на верификација во Собрание, на што министерот Бујар Османи одговорил дека не е добро решението да оди во Собрание.

– Ја повикувам владата да донесе владин став дали ќе се оди во Собрание со конечното решение, бидејќи токму Бујар Османи, кажа дека не мисли дека е добро решението да оди во Собранието.

– Ајде да ја прашаме владата, но конечното решение мора да оди во Собрание, бидејќи ќе оди на одобрување и во бугарскиот парламент.

Имаме Декларација, која поставува национални позиции по тоа прашање.

Ако имаме намера да ја прошируваме таа Декларација, ако ја почитуваме, зошто да бегаме од Парламентот?

Таму не седи само опозицијата, таму седат сите пратеници. А овие прашања, ако имаме намера да ја следиме Декларацијата, ако решението е во тие рамки, зошто да не оди во Собрание, потенцираше неколкупати Димитров.

Според него, тој неговата цел делумно веќе ја постигнал, а таа е во нашето општество да се изградат филтри за да не се направи грешка на ова преважно прашање, како што е македонскиот јазик.

– Со намера го иницирав тоа, со оглед на Декларацијата од Македонскиот парламент, тоа да го направиме и ние во Собранието, за да има зголемена доверба во решението кое треба да се донесе, посочи Димитров.

Запрашан дали е апсолутен арбитер дека решението задира или не задира во идентитеските прашања, Димитров рече дека арбитер се граѓаните.

– Преспанскиот договор го потпишав, бидејќи гарантира кои сме ние и кој јазик го зборуваме. Одговорноста и совеста ми налага да го правам ова што го правам, изјави Димитров.

Одговорите од македонската владина страна 5+1 се достоинствено решение – ги поддржува, прецизирајќи што сега се менува во нив

– Не сакам да наштетам, има една точка од нашите одговори која ни треба нам.

Таа точка очекува од Бугарија да ја одбори преговарачката рамка, да даде зелено светло за првата меѓувладина конференција по која почнува пристапниот процес кон ЕУ и тоа да биде направено на линија на португалскиот предлог, според кој, во преговарачката рамка, сосема чисто, без никакви дообјаснувања си стои македонскиот јазик.

А надгледувањето, мониторингот на тоа како ќе оди имплементацијата на билатералната патека, тоа што ќе биде аранжман, протокол, договор, како и да го наречеме, да биде во Советот за стабилизација и асоцијација.

Јас инстистирав црно на бело експлицитно да биде наведено тоа што нам најмногу ни е потребно. Јас без таа позиција и точка, немаше да се согласам да биде заедничка.

Не е чесно, ниту мудро, ова некако да се подразбира или да го нема, изјави Димитров.

Запрашан дали со новата бугарска влада гледа некаква шанса за пробив во преговорите, Димитров одговори:

-Идејата да не се зборува само за историјата, која што е важна, но не можеме да ја смениме, туку да зборуваме за прашања кои се важни денес и утре, економска, културна, одбранбена соработка…е добра идеја и охбарува, бидејќи тие се полињата каде можеме да направиме разлика и напредок. Има комплексна политичка ситуација во Софија и мислам дека крајниот исход, дали ќе има навистина пробив или нема да има, зависи и од таа комплексна политичка ситуација.

-Прилично очигледно е дека претседателот Радев ги држи документите со кои почна спорот. Декларацијата во бугарското собрание, рамковната позиција на тогашната влада – еден документ што е навредлив за Македонците. Дури имало обид да се влоши позицијата, во преамбулата на македонскиот Устав да се додадат и Бугарите и тоа да се затвори и формално пред да почнат пристапните преговори. Добро е што не отишла дебатата во таа насока, посочува Димитров.

-Имаме премалку време и надеж и мора да излеземе од тој круг во кој делумно и самите се внесовме на тие циклуси на надже и разочарување, рече тој.

Димитров заклучи дека ако има достоинствено решение – ќе го поддржи, ако нема – ќе биде критичар.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата