Кирил Петков ќе дојде во Македонија на 17 јануари?

14.01.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кирил Петков ќе дојде во Македонија на 17 јануари?

Премиерот на Бугарија Кирил Петков на 17 јануари ќе престојува во посета на С. Македонија, велат неофицијалните информации на Actualno.com.

Дали ова ќе се случи останува да видиме. Посетата е можна бидејќи денеска (14.01) Петков е негативен на коронавирус. А во недела (16 јануари) ќе се гласа новата македонска влада.

Потсетуваме, Петков ја планираше посетата на 18 јануари, но ја одложи. Причината – беше ставен во карантин бидејќи беше во контакт со претседателот на Собранието Никола Минчев, кој е позитивен на Ковид-19.

Фото: влада на Бугарија

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата