Најплатениот јутјубер ПРАВИ ПОВЕЌЕ ПАРИ ОД ЃОКОВИЌ И МЕСИ

14.01.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најплатениот јутјубер ПРАВИ ПОВЕЌЕ ПАРИ ОД ЃОКОВИЌ И МЕСИ

Форбс ја објави листата на најплатени Јутјубери во 2021 година. На прво место е Џими Доналдсон, попознат како MrBeast.

Неговите клипови на YouTube имаат повеќе од 10 милијарди прегледи, а му донесле профит од 54 милиони долари.

Минатата година заработи повеќе од најдобрите спортисти во светот како Новак Ѓоковиќ, Лионел Меси, Леброн Џејмс, Кристијано Роналдо, кои сите заработија по околу 40 милиони долари.

Џими го надмина 10-годишниот рецензент на играчки Рајан Каџи, кој беше на врвот на листата во последните две години.

На второто место се најде Џејк Пол, третото го зазеде Маркиплиер, потоа американското комично дуо Рет и Линк, а потоа и Нејтан Џонсон Греам.

Истражувањата покажуваат дека во 2021 година, платформата YouTube имала 2,3 милијарди корисници ширум светот.

Новинарот Крис Стокел-Вокер вели дека YouTube денес се повеќе ја заменува телевизијата, а заработката на таа платформа покажува дека објавената содржина е квалитетна.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата