Катарецот Насер Ал-Атија четврти пат со титулата на Рели Дакар

14.01.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Катарецот Насер Ал-Атија четврти пат со титулата на Рели Дакар

Катарецот Насер Ал-Атија член на Тојота Газо ја освои својата четврта титула во автомобилска категорија на Рели Дакар кое се возеше 14 дена во Саудиска Арабија. Во претходните две години тој беше блиску до титулата, но оваа година во 44 издание на трката Ал Атија уште од стартот го презеде водството и го задржа до крај.

По денешниот спринт на 164 километри долгата етапа до Џеда, катарскиот возач заврши со 27:46 минути пред легендата од Светскиот рели шампионат Себастијан Леб од Франција.

Тој освои две од 12-те етапи оваа година, а двете победи ги запиша во првата седмица. Тој беше најпостојаниот возач на дините во Саудиска Арабија додека сите негови конкуренти се занимаваа со навигациски и механички проблеми.

Севкупно Ал Атија стана вториот најуспешен возач во историјата на Рели Дакар заедно со Финецот Ари Ватанен. Двајцата имаат по четири титули но се зад легендарниот француски возач Стефан Петерханзел.

 

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата