Од кај Борис Џонсон И СЕ ИЗВИНИЈА НА КРАЛИЦАТА ОТИ ИМАЛЕ ЗАБАВИ

14.01.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Од кај Борис Џонсон И СЕ ИЗВИНИЈА НА КРАЛИЦАТА ОТИ ИМАЛЕ ЗАБАВИ

Портпаролот на британскиот премиер Борис Џонсон денеска испрати извинување до Бакингемската палата за двете забави организирани во градината на Даунинг стрит.

Едната забава била организирана пред погребот на принцот Филип минатата година.

На 16 април се одржале две проштални забави, едната за директорот за комуникации Џејмс Слек, а другата за владиниот фотограф до раните утрински часови.

„Длабоко жалиме што ова се случи за време на национална жалост, а Даунинг стрит и се извини на палатата поради тоа“, изјави портпаролот на Џонсон, пренесуваат британските медиуми.

Тој одбил да каже дали Џонсон лично ќе и се извини на кралицата, но истакна дека премиерот го разбира „значајниот гнев“ на јавноста бидејќи за време на локадунот биле организирани социјални настани.

Очевидци изјавиле дека околу 30 луѓе учествувале на две априлски забави.

Премиерот не бил на Даунинг стрит таа вечер.

Во април минатата година Англија беше во втората фаза од постепеното олеснување на мерките и на шест лица или две семејства им беше дозволено да се соберат на отворено.

Наводите претставуваат дополнителен притисок врз премиерот Џонсон, кој се соочува со повици да поднесе оставка откако неодамна призна дека самиот учествувал на забава на Даунинг стрит во мај 2020 година, првиот период на локдаун поради корона вирусот во Лондон, пишува Гардијан.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата