Првото Јутјуб видео кое достигна 10 милијарди прегледи! Нов рекордер е уште една многу заразна мелодија

14.01.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Првото Јутјуб видео кое достигна 10 милијарди прегледи! Нов рекордер е уште една многу заразна мелодија

Познато е кое видо прво достигнало 10 милијарди прегледи на Јутјуб, а не станува збор за "Gangnam Style".

Пред 10 години, "Gangnam Style" го собори рекордот и стана прво Јутјуб видео со милијарда прегледи. Моментално тоа видео има повеќе од 4 милијарди прегледи, но нов рекордер е уште една многу заразна мелодија.


Станува збор за видеото "Baby Shark", кое забележало повеќе од 10 милијарди прегледи.


Откако во ноември 2020-та година станало најгледано видео на Јутјуб со повеќе од 7 милијарди прегледи, од тогаш добило уште три милијарди.


Песната е креирана од страна на јужнокорејската едукативна компанија "Пинкфонг", а ја изведува пејачката Хоуп Сеџоин.


"Baby Shark" исто така е популарно и на другите социјални мрежи, како што е ТикТок, каде деца, тинејџери, па и возрасни, се снимаат како танцуваат на оваа песна.


© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата