Митревски на пат кон Дебрецeн, има шанси утре да игра со Ц. Гора!

14.01.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Митревски на пат кон Дебрецeн, има шанси утре да игра со Ц. Гора!

Супер вест. Никола Митревски по последниот негативен тест е на пат кон Дебрецeн и има шанси утре да игра против Црна Гора.

Македонскиот репрезентативен голман и покрај карантинот во кој беше, тренираше и тоа интензивно во својата соба.

Добро е тоа што тој сега има негативен ковид-тест, ако  биде негативен на денешното тестирање тогаш нема да има никаков проблем да се најде меѓу стативите на утрешниот меч на нашата ракометна селекција против Црна Гора, кој е закажан со почеток во 20:30 часот.

Македонија вчера на првиот меч во добра игра беше поразена од Словенија со 27-25.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата