УТРОВО ДЕБЕЛ МИНУС: Најладно во Маврово -12

14.01.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
УТРОВО ДЕБЕЛ МИНУС: Најладно во Маврово -12

Температури под нулата утринава се измерени во целата држава. Најстудено е во Берово каде се измерени -14 степени.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека во Маврово се измерени -12 степени, во Крушево -11, во Крива Паланка, Битола и Прилеп -10, во Петровец кај Скопје, Штип, Демир Капија и Виница -9, во Тетово, Претор, Струмица и на Попова Шапка -8, на Зајчев рид кај Скопје -7 во Охрид -6, во Куманово -5 и во Дојран и во Гевгелија -2 степена.

Најмногу снег има на Попова Шапка каде снежната покривка е висока 54 сантиметри.

За денеска синоптичарите најавуваат сончево време со мала локална облачност во североисточните делови од земјава. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне од 1 до 9 степени. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата