Ангела Меркел пристигна во Загреб

18.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ангела Меркел пристигна во Загреб

Германската канцеларка Ангела Меркел пристигна во Загреб, а хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ ја пречека на Марков плоштад.

Меркел дојде во Загреб за да присуствува на централниот предизборен собир на ХДЗ пред изборите за Европскиот парламент кои треба да се одржат наредната недела. Партискиот собир ќе се одржи во загрепската сала, „Дражен Петровиќ“, пренесе порталот „Индекс“.

Меркел во владината зграда ќе се потпише во Златната книга, по што следи тет-а-тет разговор со Пленковиќ.

По состанокот, Меркел и Пленковиќ треба да се обратат до медиумите, по што ќе се одржи и работен ручек.

Меркел и Пленковиќ потоа ќе се упатат кон салата „Дражен Петровиќ“, каде за во 18:30 часот е закажан стартот на предизборниот собир на ХДЗ.

Германската канцеларка ќе биде главен говорник, наведува хрватскиот портал.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата