Штрахе поднесе оставка, скандалозното видео од Ибица го сруши вицеканцеларот

18.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Штрахе поднесе оставка, скандалозното видео од Ибица го сруши вицеканцеларот

Австрискиот заменик-канцелар Хајнц-Кристиан Штрахе поднесе оставка од оваа функција по објавувањето на тајната видео-снимка на која се гледа како тој во Ибица и нуди владини работи на руска добротворка во замена за фиансиска поддршка за неговата партија. Се очекува утре да поднесе оставка и на чело на партијата која е главен коалиционен партнер на владејачката партија на канцеларот, Себастијан Курц.

„Ја поднесов мојата оставка како заменик-канцелар на Австрија на канцеларот Себастијан Курц и тој ја прифати оваа одлука”, рече Штрахе и додаде дека не ги крши законите и признава дека тоа е исклучително засрамувачка, пијана афера.

Штрахе ќе го замени министерот за транспорт, Норберт Хофер. Скандалот доведе до шпекулации за иднината на владејачката коалиција меѓу партијата на Штрахе и партијата на канцеларот Себастијан Курц.

Не е јасно кој стои зад видеото објавено вчера.

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата