НЕ МО ЖЕ: Шпанците сакаат да го разведат Ѓоковиќ

18.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
НЕ МО ЖЕ: Шпанците сакаат да го разведат Ѓоковиќ

За да стекне сензационалност еден од водечките шпански магазини, дошол на идеја да и плати на шпанска старлета, да му пријде на Новак Ѓоковиќ и да го бакне во врат. Од магазинот сакале да потресат складниот брак на Новак и Јелена и да му ги порематат подготовките пред турнирот „Роланд Гарос“.

Сепак, до средбата помеѓу српскиот тенисер и старлетата не дошло бидејќи таа ја одбила понудата.

Старлетата долго се двоумеше, и за малку ќе ја прифатеше ‘лесната’ заработка. Но, таа има сериозна врска со еден бизнисмен кој е милионер, па ќе си имаше проблеми. Затоа на крајот ја одбила нечистата игра, со констатација дека Новак е одличен спортист со ниедна дамка во својата кариера – изјавил извор за шпанскиот магазин Тв плус.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата