Двајца скопјани каснати од куче скитник

18.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Двајца скопјани каснати од куче скитник

Во 06.40 часот во Полициската станица Драчево, 75-годишниот Б.Ѓ. од Скопје пријавил дека истиот ден на улицата „Румена Хаџипанзова“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.

Исто така во 18.10 часот во Полициската станица Гази Баба, 83-годишниот Ќ.Т. од Скопје пријавил дека на 16.05.2019 година околу 20.00 часот на улицата „Јани Лукровски“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата