Одбележана годишнина од раѓањето на Јане Сандански

18.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Одбележана годишнина од раѓањето на Јане Сандански

Општина Аеродром денеска ја одбележува 147-годишнината од раѓањето на истакнатиот македонски револуционер Јане Сандански. По тој повод, делегација на Општина Аеродром положи цвеќе пред споменикот „Јане Сандански“.

На одбележувањето присуствуваа и претставници од Советот на Општината, од основните училишта и градинките, како и пензионери од здружението „Солидарност – Аеродром“.

„Идеалите и заложбите на големиот македонски визионер се заедничка обврска за единство и сплотеност на сите наши граѓани“, велат од општината.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата