(Видео) Големите градови наскоро може да останат без поштари

17.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Големите градови наскоро може да останат без поштари

Една од компаниите во сопственост на DHL почна да испорачува пратки со беспилотни летала, дронови, во јужната кинеска метропола Гуангџоу.

Дроновите со транспортни кутии тежат до пет килограми, а со експресната испорака покриваат површина од осум километри, помеѓу две станици.

Проектот за достава со дронови заеднички го водат DHL-Sinotrans и кинескиот производител на дронови EHang, што е прв случај каде меѓународната поштенска компанија работи на достави со дронови во Кина.

„Динамиката на брзорастечкиот кинески пазар го прави идеален за ваква услуга“, вели Џек О’Нил, заменик-директор на DHL Express во Кина.

Линијата е поставена за потрошувачи во областа Сонгшан.

Дронот собира пликови со документи за клиентите два пати на ден, а често, доколку е потребно, ги доставува и во сервисниот центар на DHL.

Дронoт обврските ги завршува за осум, додека со автомобил за тоа би биле потребни околу 40 минути.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата